Поранешниот сопруг на Бритни Спирс проговори за нивниот брак и откри бизарен случај (ВИДЕО)

28.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешниот сопруг на Бритни Спирс проговори за нивниот брак и откри бизарен случај (ВИДЕО)

Таму открил дека старателството од нејзиниот татко е најчудната работа со која требало да се справи.

„Еден ден почнав да учам што значи тоа, а потоа си помислив: „Чекај малку. Мислев дека сум во Америка. Што мислиш, на некој над 18 години му треба родителска дозвола?“ Тоа беше најбизарното нешто што сум го видел“, коментира Сем.

Тој истакна дека единственото нешто што можел да направи е да ја поддржи: „Тоа и го направив, ѝ дадов поддршка колку што можев. Тоа беше искуство каде што морав да бидам нежен бидејќи лесно може да се случи да кажеш или направиш нешто што не е во ред“, заклучил Сем.

За потсетување, Сем и Бритни се венчаа во јуни 2022 година во куќата на пејачката. Тие беа во врска шест години пред тоа, а Асгари поднесе барање за развод во средината на август 2023 година, наведувајќи ги непомирливите разлики. Нивниот брак траеше 14 месеци, а разводот наводно бил финализиран на 43-от роденден на Бритни.

Непосредно пред разводот, ТМЗ објави дека Сем се соочил со Бритни за гласините за нејзиното неверство. Сеуште не е познато дали гласините се точни, но Сем им поверувал и тие се степале, по што тој се иселил од нивната куќа.

На крајот на ноември, Сем беше фотографиран во Лос Анџелес како се држи за рака со својата нова девојка, Брук Ирвин. За врската на Сем и Брук веќе некое време се шпекулира, но тие се уште не ја откриле природата на нивната врска. Многумина на социјалните мрежи мислат дека Брук изгледа како помлада верзија на Бритни Спирс.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата