Полицијата во САД сè уште во потера по глумецот Тимоти Басфилд

13.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата во САД сè уште во потера по глумецот Тимоти Басфилд

Полицијата потврди за списанието „Пипл“ (People) дека полицијата соработува со американските маршали со цел лоцирање и апсење на Басфилд, чијашто местоположба во мигов е непозната. Според налогот за апсење, глумецот е обвинет за незаконски сексуални дејствија со 11-годишни близнаци. Децата имале улога во еден од последните ТВ-проекти на режисерот - едно од момчињата им кажало на полицајците дека наводните случаи почнале кога тоа имало само седум години. Идентитетите на децата не се објавуваат поради нивна заштита.

Истрагата за Басфилд почна во ноември 2024 година, откако лекар во Универзитетската болница во Ново Мексико ја извести полицијата за сомнителна сексуална злоупотреба.

За време на истрагата, Басфилд им кажал на полицајците дека родителите на децата се незадоволни што нивните синови биле заменети со помлад глумец во серијата. Кратко потоа, тој добил повик од „Ворнер Брос“, кој го информирал дека компанијата спроведува внатрешна истрага за жалбите.

Тимоти Басфилд (68) е во брак со глумицата Мелиса Гилберт, позната по нејзината улога во серијата „Мала куќа на преријата“. Тие двајцата се венчаа во 2013 година. Занимливо е што пред неколку недели - пред да биде издадена потерница против нејзиниот сопруг, Гилберт (кoja e седум години помлада од него), на својот интернет-простор говореше на темата сексуална злоупотреба на деца, споделувајќи лично искуство од својата младост. Во таа прилика, таа не изнесе обвинувања против конкретни лица. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата