Почина петкратен добитник на Оскари

10.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина петкратен добитник на Оскари

Кеном ја започна својата кариера кон крајот на 1970-тите, работејќи на филмови како „Live Again“ и „Fury“, и набрзо стана неизбежно име во жанровите хорор и фантастика.

Работел на проекти како „Вамп“, третиот дел од „Улицата со брестови“, и засекогаш влегол во историјата кога создал ефективна шминка за класици како „Изгубени момчиња“, „Егзорцист 3“, „Осмиот патник 3“, „Ханибал“ и многу други. Неговиот последен поголем ангажман беше на филмот „Очите на Тами Феј“, каде што работеше како коинстактор на протетски ефекти.

За време на неговата богата кариера, Кеном освои четири Оскари: три за најдобра шминка – за филмовите „Дракулата на Брам Стокер“, „Госпоѓа Даутфаер“ и „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, и еден за шминка и фризура во филмот „Порок“. Во 2005 година, Американската филмска академија му ја додели Техничката награда за достигнувања во областа на филмската шминка.

Покрај Оскарот, тој е добитник и на две награди „Сатурн“ за филмовите „Изгубените момчиња“ и „Бенџамин Батон“, како и три награди од Здружението на шминкери и фризери.

Да потсетиме, пред две години беше објавено дека Грег Кеном се соочува со сериозни здравствени проблеми - вклучувајќи оштетување на нервите предизвикано од херпес зостер и делумна ампутација на ногата. За неговиот третман беше започната кампања GoFundMe, која собра повеќе од 100.000 долари, надминувајќи ја првичната цел од 75.000 долари.

Уредничкиот тим на списанието Фангорија им упати сочувство на неговите пријатели и семејство. Кеном ќе биде запаметен како еден од најголемите специјални шминкери што Холивуд некогаш ги имал.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата