„Парни ваљак“ ги најави првиот концерт од турнејата по повод 50 години постоење

17.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Парни ваљак“ ги најави првиот концерт од турнејата по повод 50 години постоење

„Во годината во која славиме 50 години активност, преку концерти ќе споделиме со вас сè што заедно сме создале низ децениите, како и нашето ново поглавје“, стои на официјалниот Фејсбук профил.

Од Парни ваљак било истакнато дека Загреб е нивната појдовна точка, и дека секој настап во нивниот роден град има посебно значење за нив.

Предводени од авторот и гитарист Хусеин Хасанефендиќ Хус и пејачот Аки Рахимовски (1955-2022), Парни ваљак, со бројни промени во составот, сними хитови како „Јесен у мени“, „Ухвати ритам“, „Неда“, „Заставе“ и други.

По смртта на Рахимовски, Парни ваљак продолжи да работи со новиот пејач, Игор Дрвенкар, со кого досега имаат издадено неколку синглови, од кои последен е неодамнешниот „Откад те не видам често“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата