Паника на концерт на познат рапер: 12.000 луѓе бегаат од арената во Манчестер, над 50 побарале лекарска помош (ВИДЕО)

23.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паника на концерт на познат рапер: 12.000 луѓе бегаат од арената во Манчестер, над 50 побарале лекарска помош (ВИДЕО)

Полицијата прогласи голем инцидент, при што повеќе од 50 луѓе побараа медицинска помош поради проблеми со дишењето и иритација на очите. Едно лице е однесено во болница, објави Скај Њуз.

Инцидентот се случи во арената „Кооп Лајв“ во Манчестер кратко по 22 часот вчера вечер, кога посетителите на концертот почнаа да пријавуваат здравствени проблеми.

Снимките што се појавија на социјалните мрежи покажаа луѓе како кашлаат, ги покриваат устите и брзаат да го напуштат местото на одржување.

Полицијата првично се сомневаше во солзавец, но подоцна соопшти дека станува збор за неидентификувана супстанца.

Службата за брза помош на Северозапад испрати специјализиран тим за итни интервенции на арената. На местото на настанот им беше пружена медицинска помош на повеќе од 50 лица, вклучувајќи ги и оние со проблеми со дишењето и очите.

Областа беше деконтаминирана како мерка на претпазливост.

„Секој што присуствуваше на вечервашниот настан и доживеа несакани ефекти или се разболеше треба да побара медицински совет“, соопшти службата за брза помош.

Полицијата на Голем Манчестер потврди дека повеќе од 12.000 посетители биле безбедно евакуирани од арената, која се смета за најголема во Велика Британија.

Помошникот началник на полицијата Стеф Паркер изјави дека прогласувањето за голем инцидент им овозможило на службите за итни случаи и другите релевантни агенции брзо и ефикасно да го координираат својот одговор.

Сега ќе почнеме целосно да утврдуваме за каква супстанца станува збор и како се случил овој инцидент, рече Паркер.

Управата на арената „Кооп Лајв“ изјави дека соработува со полицијата за да ја утврди причината за инцидентот и да преземе соодветни мерки.

Наш приоритет останува безбедноста на сите посетители и ќе дадеме повеќе информации штом добиеме нови информации од полицијата на Голем Манчестер - се вели во соопштението.

Американската пејачка Фиби Бриџерс треба да настапи на истата арена во четврток, додека раперот Дон Толивер ќе отпатува за Лондон по неговиот настап во Манчестер, каде што има закажани концерти на арените О2 и ОВО Вембли.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата