Откриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гости

13.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Откриени деталите за свадбата на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез, церемонија со само 5 гости

Еден од најдобрите фудбалери во светот, Кристијано Роналдо, и инфлуенсерката Георгина Родригез стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија.

Двојката го кажа судбоносното „да“ во вторникот, на интимна и приватна церемонија на која присуствуваа нивните пет деца, една година откако се свршија.

Роналдо ја сподели веста дека тој и Георгина стапиле во брак по десетгодишна врска, објавувајќи фотографија од нивните венчални прстени на Инстаграм.

Оваа вест ја потврди и претставникот за односи со јавноста на славниот фудбалер преку соопштение: „Кристијано Роналдо и Георгина Родригез денес стапија во брак на граѓанска церемонија во Кашкаиш, Португалија, и сега официјално се сопружници.

Церемонијата била приватен и интимен чин на кој присуствуваа нивните пет деца“, пишува „Дејли мејл“.

Веста за венчавката пристигна само неколку дена откако се веруваше дека парот ќе стапи во брак во катедралата во Фуншал, што поттикна илјадници фанови да се соберат пред црквата.

Сепак, набрзо се испостави дека парот воопшто нема да се венча таму, а церемонијата всушност била наменета за еден сосема непознат португалски пар од Мадеира – Фабио Рамос и Фатима Никол Куња Теишеира.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата