Отфрлена е тужбата против Вин Дизел за сексуален напад- судот бил ненадлежен

22.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Отфрлена е тужбата против Вин Дизел за сексуален напад- судот бил ненадлежен

Судија пресуди дека законот на Калифорнија не може да се примени на наводниот инцидент што се случил во 2010 година во Џорџија, пишува „Варајати“.

Тврдења од 2010 година

Џонасон ја поднесе тужбата во 2023 година, тврдејќи дека Дизел ја злоставувал во хотелски апартман во Атланта за време на снимањето на „Брзи и бесни 5“. Во тужбата, таа тврди дека актерот ја турнал на ѕид и мастурбирал пред неа.

Според нејзините тврдења, Дизел ја поканил во својот стан, ја принудил да легне на креветот, а откако таа избегала, тој ја турнал на ѕидот, се обидел да ѝ ја соблече долната облека и ја принудил да ги допира неговите гениталии. Џонасон, исто така, рече дека само неколку часа по инцидентот, сестрата на Дизел ѝ рекла да даде отказ по телефон, по само девет дена на работа.

Одлука заснована на надлежност

Судијата Даниел М. Кроули претходно отфрли четири од десетте точки од тужбата поради застареност, а во среда ги отфрли преостанатите шест поради недостаток на надлежност.

„Неспорно е дека наводниот сексуален напад се случил во Атланта, Џорџија“, напиша судијата во образложението, додавајќи дека барањето „не успева според законот бидејќи се претпоставува дека калифорниските статути немаат екстратериторијално дејство, освен ако законодавниот дом изрично не наведе поинаку при донесувањето на статутот“.

Целиот случај во спротивно би бил застарен, но Џонасон се повика на Законот за одговорност за сексуален напад и прикривање, кој во 2022 година дозволи повторно оживување на одредени случаи на сексуален напад кои датираат од 2009 година во Калифорнија. Сепак, судијата пресуди дека законот не може да се примени надвор од границите на Калифорнија.

Реакции на пресудата

Адвокатите на Аста Џонасон најавија жалба против одлуката.

„Судот не одлучи ништо за вистината на тврдењата на г-ѓа Џонасон“, рекоа тие во соопштението. „Одлуката се базира на правна техничкиа, со која со почит не се согласуваме. Г-ѓа Јонасон има намера да поднесе жалба.“ Од друга страна, адвокатот на Дизел, Брајан Фридман, ја поздрави одлуката на судот, негирајќи ги обвинувањата од самиот почеток. „Благодарни сме што судот ја заврши оваа неоснована тужба“, рече Фридман. „Задоволни сме што ова прашање е целосно решено.“

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата