„Нетфликс“ се согласи да го купи „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

5.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Нетфликс“ се согласи да го купи „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

Договорот ќе ги обедини двата најмоќни филмски и ТВ-гиганти под еден покрив, со оглед на тоа што „Ворнер брос“ е сопственик и на стрим-платформата „Ејч-би-о макс“ и „ДЦ студиос“.

Вредноста на договорот за готовина и акции се проценува на 27,75 долари по акција на „Ворнер брос“, што му дава вкупна вредност на претпријатието од приближно 82,7 милијарди долари. Се очекува трансакцијата да се затвори откако „Ворнер брос“ формално ќе се одвои од „Дискавери глобал“ во третото тримесечје од 2026 година. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата