Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

„Не можев да уживам во скапиот одмор“ ВИДЕО

28 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Гвинет Палтроу во последните седум години водеше правна битка со пензионираниот лекар Тери Сандерсон, кој тврди дека актерката удрила во него додека скијала и дека поради тоа се здобил со повреди.

Гвинет Палтроу минатиот петок сведочеше пред судот, а видеото од судењето стана вирално поради неколку бизарни моменти кои се случија додека таа одговараше на прашања од нејзиниот адвокат.

На прашањето дали несреќата „ја спречи да ужива во остатокот од нејзиниот многу скап одмор“, нејзиниот одговор предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

„Па, изгубив половина ден скијање, да“, одговори таа, предизвикувајќи лавина од коментари на Твитер.

„Ова е цитатот на векот“, напиша една Твитерџика, додека друг додаде: „Нема шанси ова да е вистинско судење“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ