Најактивниот вулкан на Хаваите по седумдневна пауза продолжи да исфрла лава

20. 03. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Најактивниот вулкан на Хаваите по седумдневна пауза продолжи да исфрла лава

Вулканот Килауеа продолжи да исфрла лава континуирано од кратерот кон врвот, пренесоа агенциите, повикувајќи се на Американскиот геолошки институт.

Стопените камења исфрлени од вулканот останаа во националниот парк „Вулкани на Хаваи“ и не ги загрозија населените места. Вулканот, потсетуваат агенциите, почна да еруптира кон крајот на декември и оттогаш наизменично има периоди на исфрлање лава и мирување.

Најкраткиот период на континуирани ерупции траел 13 часа, а најдолгиот осум дена. Националниот парк каде се случи ерупцијата се наоѓа на околу 300 километри од Хонолулу, главниот град на Хаваи.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата