Мегин Кели за изгледот на Деми Мур: „Ова не е здраво ниту привлечно“

16.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мегин Кели за изгледот на Деми Мур: „Ова не е здраво ниту привлечно“

Актерката се појави на црвениот тепих во блескав фустан без прерамки кој ја нагласуваше нејзината витка фигура, што ја натера Кели да даде низа остри коментари.

Остри критики за нејзиниот изглед

Фустанот дополнително ги истакнуваше нејзините раце, што особено ја вознемири водителката. „Таа е шокантно слаба. Искрено, изгледа анорексично... само кожа и коски“, рече таа во нејзината емисија во среда. Кели конкретно се осврна на фотографиите на кои актерката позира со раширени раце, што, според неа, покажува колку е всушност слаба. „Изгледа како жртва на холокаустот. Жал ми е, но едвај има мускули. Ова не треба да се слави“, рече таа.

„Не сакам да ја осудувам затоа што мислам дека се справува со нешто, очигледно нешто емотивно, но мора да проговориме и да кажеме - не, не, не, ова не е здраво и не е привлечно. Со сето почитување, мислам дека всушност треба да ја засрамиме и да кажеме дека е непривлечно, затоа што без тој дополнителен слој срам нема да ги спречите младите девојки да сакаат да ја имитираат“, додаде Кели.

Мур во жирито на фестивалот

Патем, Деми Мур е член на жирито на овогодинешниот фестивал и ги оценува филмовите што премиерно ќе се прикажат за да се одлучи победникот на Златната палма. Покрај неа, во жирито се и режисерите Парк Чан-Вук, Лаура Вандел, Диего Сеспедес и Клое Жао и актерите Рут Нега, Исак де Банколе, Стелан Скарсгард и сценаристот Пол Лаверти.

Извор: Индекс.хр

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата