Мадона го прослави роденденот во село на Крф: Кршеше чинии со звуците на бузуки (ВИДЕО)

19.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мадона го прослави роденденот во село на Крф: Кршеше чинии со звуците на бузуки (ВИДЕО)

Таа и нејзиното семејство и пријателите вечераа во традиционална таверна со ребетико музика и грчки специјалитети, до кои пристигнаа во црни комбиња со обезбедување, објавува Прототема.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madonna (@madonna)

Според локалните жители, од жителите било побарано да ги затворат прозорците на своите куќи за да се обезбеди приватноста на пејачката, додека во селото било распоредено и полициско обезбедување.

Мадона седеше во градината на ресторанот, а во текот на вечерта беше изведена песната „О пио калос о матитис“ од Јоргос Замбетас, додека прославата беше завршена со традиционално кршење чинии, пренесе Мирор.

Пред вечерата, Мадона планирала да ја посети црквата „Пресвета Богородица“ во Курамадес, која била отворена специјално за неа, но поради големиот број луѓе собрани во селото, пејачката ја откажала посетата и решила да остане само за роденденската вечера.

Неколку дена пред нејзиниот роденден, Мадона престојувала во Метеора, каде што пристигнала со хеликоптер од Крф со група од околу 12 лица, меѓу кои и нејзиниот син и 30-годишниот партнер.

За време на тричасовната посета, таа го посетила манастирот Варлаам, кој бил отворен исклучиво за нив, и разговарала со игуменот Бенедикт, од кого, според монахот, побарала духовен совет и се распрашала за бројаницата што ја држел во рака.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата