Леонардо Дикаприо призна дека се срами што глумел во хорор филм од 1991 година

28.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Леонардо Дикаприо призна дека се срами што глумел во хорор филм од 1991 година

Оскаровецот Леонардо Дикаприо претходно призна дека бил на работ на нервен слом поради филмот „Човекот во железната маска“, а сега откри и од кој свој филм најмногу се срами.

Холивудскиот заводник, Леонардо Дикаприо се смета за актер кој „не направил лош филм“ во текот на својата децениска кариера.

Кога ќе ја погледнете листата на продукции во кои играл, за кои бил номиниран за Оскар и за кои конечно бил крунисан со оваа престижна статуа, лесно е да се поверува во таа изјава. „Титаник“, „Повратникот“, „Волкот од Волстрит“, „Човекот со железна маска“, „Крвав дијамант“, ....... сепак, во едно интервју призна дека направил голема грешка со едно достигнување.

Станува збор за проект од 1991 година, „Critters - 3“.

Во нискобуџетниот хорор филм, Дикаприо го играше момчето Џош, посинок на корумпиран газда. Филмот доживеа целосен неуспех, а критичарите во тоа време го опишаа младиот Дикаприо како просечен актер

Дикаприо подоцна се присети на тоа искуство и еднаш изјави:

 „Critters-3 е еден од најлошите филмови на сите времиња. Претпоставувам дека послужи како добар потсетник никогаш повеќе да не се прави нешто слично“, изјавил Лео, пренесува списанието Far Out.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата