Лејди Гага со свој настап на доделувањето на наградите „Греми“

30.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лејди Гага со свој настап на доделувањето на наградите „Греми“

 Нејзиниот најдобар резултат досега е оној од 2011 година, кога освои шест одличја, објави списанието „Билборд“.

Албумот на Гага, „Мејхем“ (Mayhem) е номиниран за албум на годината и за најдобар поп вокален албум. Песната „Абракадабра“ е номинирана за запис на годината, песна на годината и најдобра денс-поп-снимка; „Disease“ е номинирана за најдобра поп-солоизведба. А „Харлекин“ (Harlequin), албумот од нејзиниот филм „Џокер 2“ од 2024 година, е номиниран за најдобар традиционален поп албум. Гага досега освои вкупно 14 „Греми“ награди, но сè уште не освоила награда во таканаречената „Голема четворка“ - албум, запис, песна на годината, како и за најдобар нов изведувач, јави БТА.

Ако Лејди Гага изведе песна од „Мејхем“ - тоа ќе биде првпат таа да изведе оригинална песна на доделувањето на наградите по 2019 година.

Американскиот рапер Тајлер „Криејтор“, исто така, ќе настапи на свеченоста. Овој 34-годишен рапер има шест номинации годинава - за албум на годината, најдобар рап албум, уметничка слика за албумот „Кромакопија“ (Chromakopia), којшто се искачи на врвот на листата на албуми - „Билборд 200“, најдобар алтернативен музички албум за „Don’t tap the glass“, што исто така, се искачи на врвот на „Билборд 200“, најдобра рап изведба за „Darling, I“ и најдобра рап-песна за „Sticky“.

Меѓу најавените изведувачи за шоуто се и Џастин Бибер, Оливија Дин, Фарел Вилијамс, Сабрина Карпентер, Алекс Ворен, Слеш и други.

Претстојното 68. доделување на наградите „Греми“ ќе се емитува во живо во недела навечер, на „Си-би-ес“ (CBS). Водител на програмата ќе биде комичарот Тревор Ноа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата