Лејди Гага го објави новиот сингл „Абракадабра“, во спотот има 40 танчери (ВИДЕО)

4.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лејди Гага го објави новиот сингл „Абракадабра“, во спотот има 40 танчери (ВИДЕО)

Пејачката премиерно ја изведе Абракадабра на доделувањето на Греми наградите. Споменатиот сингл е дел од нејзиниот претстоен албум Mayhem, кој ќе излезе на 7-ми март.

„Не се сеќавам кога некоја нова песна ме направи носталгична, но токму тоа се случи“, „Мистично е, тоа ми недостасуваше“, „Гори рефренот“, „Ме потсетува на Алехандро и лоша романса“, „Јас уште не сум гледал видео четири пати по ред.“

Видеото го режира Лејди Гага во соработка со Парис Гебел и Бетани Варгас, додека Гага и Гебел заедно со тим од 40 танчери беа одговорни за кореографијата.

Албумот Mayhem ќе биде враќање на Гага во поп музиката, откако минатата година го издаде албумот Harlequin, кој беше придружно издание на филмот Joker: Folie à Deux.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Во текот на изминатата година, Гага објави два сингла од нејзиниот претстоен албум, вклучувајќи го и Disease. Пејачката претходно изјави дека почнала да работи на новиот албум додека се соочила со стравот да се врати на поп музиката што ја сакале нејзините најрани фанови.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата