Легендарната Брижит Бардо е итно префрлена во болница

25.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендарната Брижит Бардо е итно префрлена во болница

Како што сега објавуваат француските медиуми, актерката е во приватната клиника „Сен-Жан“ во Тулон, каде што беше хоспитализирана и пред околу десет дена.

Бардо ја напушти болницата на почетокот на октомври по мала операција поради болест која не ѝ е позната на јавноста.

По повеќе од три недели лекување во Тулон, таа се врати во својот дом во Сен Тропе, а во тоа време нејзиниот портпарол рече дека таа „одмара и е добро“.

Сега, францускиот медиум „Нис Матин“ објави дека Брижит повторно била итно префрлена во болница пред десет дена поради истата болест.

Минатиот месец, Брижит беше принудена да издаде соопштение во кое потврдува дека не е мртва, по неодамнешната хоспитализација.

Таа беше бесна кога Акабабе - исклучително популарна инфлуенсерка специјализирана за вести за познати личности во нејзината земја - рече дека Брижит починала на југот на Франција.

Во објавите на X платформите и Инстаграм, Акабабе напиша: „Според моите ексклузивни информации, Брижит Бардо почина денес. Нејзиниот ковчег беше нарачан во Сен Пол де Жара, во департманот 09 (Арже).“

Акабабе, чие вистинско име е Анис Зитуни, 27, додаде: „Иконата почина, оставајќи зад себе незаборавно наследство и вечен белег во срцата на Французите.“

Сепак, неколку часа подоцна, Брижит излезе на X платформите и објави:

- Не знам кој е идиотот што ја започна оваа лажна вест за моето заминување, но знајте дека сум добро и немам намера да се пензионирам. На паметните им е доволно .

Во меѓувреме, француските медиуми објавија дека Брижит е во болница со тешка болест и дека е оперирана.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата