Концерт на Рита Ора во Охрид

11.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Концерт на Рита Ора во Охрид

„Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од светската музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп-звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со континуиран успех, но и со способност постојано да се преобразува, да експериментира и да остане чекор пред времето. Нејзиниот пат на светската сцена претставува редок спој на комерцијален успех, уметничка конзистентност и прецизно изграден идентитет. Од своите почетоци до денес, Рита Ора континуирано го проширува својот креативен израз, комбинирајќи современ поп, денс и урбан звук со моќен визуелен стил и впечатливо сценско присуство. Таа е препознатлива не само како музичка ѕвезда, туку и како културен феномен со големо влијание врз новите генерации“ - соопшти организаторот.

Нејзините настапи се синоним за врвна продукција, се додава, со прецизно осмислена сценографија и енергија што воспоставува директна и искрена врска со публиката. Секој концерт на Рита Ора е внимателно режирано аудиовизуелно доживување, во коешто музиката, светлината и емоцијата функционираат како една целина, причина поради којашто нејзините настапи на најголемите светски сцени редовно се оценуваат како вистински спектакл.

„Концертот на 1 август во Охрид е во организација на 'Прагма продукција' и претставува значаен чекор во позиционирањето на Македонија на мапата на големите концертни турнеи, како и уште една потврда дека домашната сцена е подготвена за настани од највисок меѓународен ранг. Глобална ѕвезда, светско шоу и една августовска ноќ што ќе има посебно место во музичката историја на регионот“ - се истакнува во соопштението.

Влезниците се пуштени во продажба.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата