Холивудските актери изгласаа договор со кој се прекинува штрајкот

6. 12. 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Холивудските актери изгласаа договор со кој се прекинува штрајкот

Прифаќањето на тригодишниот договор од страна на актерите, членови на Здружението на филмски актери на Американската федерација на телевизиски и радио уметници (САГ-АФТРА) беше неизвесно, при што некои истакнати членови изразија несогласување со условите на договорот за кој преговараа лидерите на синдикатот.

Гласањето „за“ од 78 отсто, кое започна на 13 ноември и заврши вчера, го одразува широкиот ентузијазам меѓу актерите откако членовите на синдикатот на писателите, исто така, го прифатија договорот со кој го завршија нивниот штрајк во септември.

Исходот од вчерашното гласање донесе големо олеснување за лидерите на САГ-АФТРА и забавната индустрија, која се обидува да се врати во нормална работна атмосфера по неколкумесечни конфликти и прекини на работа, но и официјално го означува крајот на најбурната година во Холивуд во речиси 50 години. 

„Овој договор е огромна победа за вработените изведувачи и означува почеток на нова ера за нашата индустрија“, се вели во синоќешното соопштение на синдикатот на платформата Икс (Твитер). /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата