Кевин Костнер „уловен“ со многу помлада девојка

17.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кевин Костнер „уловен“ со многу помлада девојка

Холивудската ѕвезда, актерот  Кевин Костнер поттикна гласини за романса откако е фотографиран со 40-годишната Џенифер Милбурн.

71 годишниот Кевин Костнер предизвика нови гласини за романса откако беше фотографиран со Џенифер Милбурн (40), животен тренер од Колорадо.

Ѕвездата на филмот „Танц со волците“ е фотографиран со Милбурн во Санта Барбара, Калифорнија, а според „Дејли мејл“, тие изгледале многу блиски.

Костнер и Милбурн биле забележани и во локалниот супермаркет „Албертсонс“, каде што, според очевидци, купувале житарици, сок од грејпфрут, стекови и зеленчук.

Милбурн потекнува од Аспен, Колорадо, каде што Костнер го поседува пространиот ранч „Данбар“. Кога новинарите стапиле во контакт со неа и ја прашале дали е во врска со актерот, таа наводно го прекинала разговорот.

По разводот од Кристин Баумгартнер во 2023 година – по 18 години брак – актерот постојано се поврзуваше со други жени.

Во 2024 година се појавија гласини дека е во врска со Џенифер Лопез, откако двајцата беа забележани заедно во продавницата „Кемо Сабе“ (Kemo Sabe) во Аспен; сепак, се покажа дека нивната средба немала романтичен карактер.

Подоцна, во 2025 година, Костнер беше поврзуван со Кели Нунан Горс, поранешната сопруга на милијардерот Алек Горс. Во тоа време, извор изјави за „Ас викли“ (Us Weekly) дека тие уживаат во приватна и неформална врска.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата