Неговиот донекаде „кревок изглед“ и моментите во кои изгледаше збунето предизвикаа бројни коментари и загрижености на социјалните мрежи.
Јавноста е загрижена
За време на интервјуто што го даде со колешката Дејзи Хед, се чинеше како Фримен да задремал за момент. Дополнителни загрижености предизвикаа и фотографиите од црвениот тепих, на кои актерот се потпира на раката на својата асистентка додека оди.
Објавено е и видео на кое актерот шета низ ходник додека луѓето околу него аплаудираат и го бодрат. На крајот, тој застана и се потпре на ѕидот, што дополнително предизвика коментари од загрижените обожаватели.
@jenniferhudsonshow The king of all cavernous voices, Morgan Freeman!
♬ original sound - Jennifer Hudson Show
Луѓето веднаш реагираа на социјалните мрежи. „Изгледа толку слабо“, „Се чини дека е во болка“, „Оставете го овој човек да се одмори“, „Изгледа толку збунето“, „Ме прави тажен, навистина остарел“, „Малку е изгубен, како да не знае што да прави“, се само некои од многуте коментари во кои се изразува загриженост за здравјето на актерот и се бара да се пензионира.
Раквица како потсетник за сериозна несреќа
Многумина ја забележале и ракавицата на неговата лева рака, што е постојан потсетник за сериозната сообраќајна несреќа што ја доживеа во 2008 година. Во таа несреќа, нервите во неговата рака беа сериозно оштетени, оставајќи ја парализирана. Фримен оттогаш носи компресивна ракавица за да ја стимулира циркулацијата и да спречи згрутчување на крвта.
Како резултат на несреќата, актерот страда и од фибромијалгија, состојба што предизвикува хронична болка, што може да го објасни неговиот понекогаш исцрпен изглед.
Тој не се откажува од глумата
И покрај сето ова, Фримен постојано нагласува дека нема намера да забави или да се пензионира. Легендата на глумата е сè уште активна - неодамна беше во Лондон снимајќи го продолжението на „Down to London“. Иако неговата страст кон работата е несомнена, обожавателите се надеваат дека ќе најде време за пауза.
Извор: Индекс.хр

