Гвинет Палтроу го продаде својот дом во Лос Анџелес за 22 милиони долари

30.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гвинет Палтроу го продаде својот дом во Лос Анџелес за 22 милиони долари

Резиденцијата првично понудена за 29,99 милиони американски долари во мај, пет месеци подоцна е намалена на 24,9 милиони долари пред „оскаровката“ да ја прифати последната понуда. Таа, инаку, го купила домот за 9,95 милиони долари во 2012 година, со поранешниот сопруг и пејач на „Колдплеј“, Крис Мартин. Дизајниран од Виндзор Смит, овој имот ја спојува елеганцијата со модерен комфор, високи тавани и мирна атмосфера насекаде. Имотот нуди доволно приватност и луксуз, дополнети со базен и прекрасно уреден двор, пишува „Рич анд фабулос“ (Rich & Fabulous).

Изградена 1950-тите, во Брентвуд кај Кањонот Мандевил, куќата има шест спални соби и голема кујна, додека гостинската куќа со една спална соба има сопствена вежбалница, канцеларија, винарска визба и соба за рекреација. Реновирана е во 2009 година.

Претставничката на Леа Портер претходно изјави дека холивудската глумица „сака да го намали бројот на своите вработени кога нејзината ќерка Епл (20) и синот Мозес (18) (од бракот со Мартин) - пораснаа“.

Според наводите, актерката и нејзиниот сегашен сопруг Бред Фалчук, со кого се омажи во 2018 година, го минуваат времето во својот дом во блиското Монтесито, Калифорнија, како и во Њујорк.  

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата