Французинка измамена од имитатор на Бред Пит, и украл 830.000 евра

16.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Французинка измамена од имитатор на Бред Пит, и  украл 830.000 евра

 Претставникот на мегапопуларниот актер ја осуди измамата, нагласувајќи ја важноста да се биде внимателен на интернет, особено од поединци кои имитираат познати личности.

Французинка по име Ана била убедена дека разговара со холивудски актер откако измамници и испратиле повеќе фотографии од актерот во болница и побарале пари за да му помогнат во лекувањето.

Претставникот на Пит зборуваше за Entertainment Weekly:

- Страшно е што измамниците ја искористуваат силната врска на фановите со познати личности, но ова е важен потсетник да не одговарате на онлајн пораките на интернет, особено од актери кои немаат присуство на социјалните мрежи.

Претходно, Ана откри дека првпат ја контактирал некој кој тврди дека е мајка на Пит. - Ми кажа дека на нејзиниот син му треба некој како мене - рече таа, а потоа додаде: - Прво си реков дека е лажно, дека е смешно, но не бев навикнат на социјалните мрежи и не разбирав баш што ми се случува.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата