Поранешниот ангел на Викторија, Адријана Лима, во последните месеци изгледа како на почетокот на кариерата, а многумина велат и поубаво.
На црвениот тепих на прославата на Tiffany & Co, таа блесна во долг, тесен црн фустан и покажа зошто е една од најбараните модели до денес.
На претставувањето на новата колекција на познатиот бренд за накит во Њујорк вниманието го привлече Адријана Лима, а и самата носеше дискретен накит од овој бренд.
Фустанот ја истакна нејзината витка линија по три породувања, кои ги постигна со напорно вежбање и дисциплиниран начин на живот, а откако беше критикувана за значително менување на изгледот со ботокс и други естетски корекции, таа на сите им покажа уште еднаш дека е - единствена.
Заедно со долгиот, елегантен фустан со прерамки кои паѓаа до рабовите на рамената, носеше црни лакирани чевли и црна лакирана чанта, а косата и беше навлечена назад во мазна пунџа, овозможувајќи нејзиното лице да биде целосно изразено со соодветна шминка во природни тонови и нагласени очи.