Фото: Раскошната прослава на роденденот на Круз Бекам без присуство на неговиот брат Бруклин

18.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Раскошната прослава на роденденот на Круз Бекам без присуство на неговиот брат Бруклин

Џет сет брачната двојка Дејвид и Викторија Бекам организираше гламурозна прослава на 21 роденден на синот Круз во Лондон. Роденденот кулминираше со емотивен говор кој расплака многу од присутните.

Бруклин очекувано го немаше на роденденот со што јавно и даде поддршка на својата сопруга Никол. Со овој потег Бруклин само ја продолжи семејната расправа.

Иако роденденот на Круз е на 20 февруари, забавата била организирана неколку дена порано, но најстариот син на Бекамови, Бруклин се уште е дистанциран од семејството. 

И покрај напнатоста поради Бруклин, атмосферата на забавата била весела и гламурозна. 

Тема на вечерта била „Grande Beatles Ball“, гостите биле облечени во црни свечени комбинации и уживале во луксузната вечера во просторот во кој доминирал кристалниот лустер.

Круз за време на вечерата имал настап со својот бенд „Cruz Beckham And The Beakers”, а мајка му Викторија и сестрата Харпер и неговата девојка Џеки посебно го погодиле со емотивен говор.

Фотографиите покажуваат дека Круз со солзи во очите стоејќи до својот славен татко го слушал емотивниот говор.

Викторија под фотките напиша. 

-Порано го славиме роденденот на Круз, Толку многу те сакаме“.Неговата девојка дополни-Најпосебната рана роденденска прислава за нашата најдрага личност: Ве сакам сите, каква неверојатна вечер имавме“. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата