Фото: Кевин Костнер „уловен“со многу помлада девојка

11.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Кевин Костнер „уловен“со многу помлада девојка

Познатиот актер неодамна е виден во ноќен клуб во Лос Анџелес, во друштво на многу помлада девојка. По два брака и два развода,70 годишниот Коснер најверојатно решил да води малку поинаков живот од досега.

Кевин Костнер вечерта уживал во друштво на мистериозна бринета која, судејќи по овие слики, е многу помлада од него.

Тој дури и нарачал пијалоци и имал интимни разговори со неа, пишува Дејли Мејл.

"Секоја недела се шират нови гласини дека Кевин ја нашол... но тој не ја бара. Нема да најде друга Кристин, но има многу опции да го помине времето", рекол извор близок до Кевин Костнер.

Кристин Баумгартнер е неговата поранешна сопруга, се разведоа минатата година, разводот започна насилно и заврши брзо со спогодба. Се шпекулираше дека го изневерила со неговиот пријател, а подоцна се свршила со него.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата