Фото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг

18.09.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фото: Ен Хатавеј во елегантен труднички стајлинг

Ен Хатавеј покажа уште еден труднички стајлинг  кој  остава без здив, и покрај сите критики што ја следат за време на оваа бременост.

Бремената Ен Хатавеј носеше чанта Bvlgari од 8.000 долари додека шеташе низ Њујорк и го покажуваше најновиот стил за бременост по патот. Актерката зрачеше со гламур во тиркизен велур ансамбл украсен со цветни детали, во комбинација со елегантни црни чевли со потпетици.

Ен, која е глобален амбасадор на италијанската модна куќа, носеше блескава чанта Serpentine Duo Top Handle, украсена со гравирани шари, објавува „Дејли меил“. Ѕвездата од „Ѓаволот носи Прада“, која ја објави својата бременост уште во јуни, изгледаше блескаво за време на излегувањето.

Ен е во брак со својот сопруг Адам Шулман од 2012 година и тие веќе имаат двајца синови.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата