Форбс: Бијонсе го надмина прагот од една милијарда долари

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Форбс: Бијонсе го надмина прагот од една милијарда долари

Американската музичка ѕвезда Бијонсе официјално стана милијардерка, со што таа се приклучи на малата група музичари чие богатство ја надмина границата од една милијарда долари како што се: Тејлор Свифт, Ријана, Брус Спрингстин и нејзиниот сопруг Џеј-Зи, објави магазинот Форбс.

Форбс претходно ја процени нето- вредноста на пејачката на 800 милиони долари, најавувајќи дека поради низа успешни проекти таа наскоро ќе го надмине прагот од една милијарда. Најголем раст на богатството имаше со светската турнеја „Ренесанса“ („Renaissance“) во 2023 година, со која заработи речиси 600 милиони долари. Дополнителен приход заработи и преку концертниот филм од турнејата, договор склучен со синџирот кина AMC, од кој Бијонсе задржа речиси половина од 44 милиони долари од вкупната заработка.

Успехот ѝ продолжи со албумот „Каубој Картер“  („Cowboy Carter“) од 2024 година, кој доби одлични критики и ѝ ја донесе првата „Греми“ награда, за албум на годината. Според Форбс, преку истоимената турнеја остварила повеќе од 400 милиони долари од продажба на билети, како и дополнителни 50 милиони долари од рекламни производи. Форбс наведува и дека Бијонсе остварила околу 50 милиони долари од настап на полувремето на божиќен НФЛ натпревар на Нетфликс, како и дополнителни 10 милиони долари од рекламна кампања за Левис  (Levi’s).

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата