Ен Хатавеј во фустан од проѕирни ленти се појави на премиерата на нејзиниот филм (ВИДЕО)

14.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ен Хатавеј во фустан од проѕирни ленти се појави на премиерата  на нејзиниот филм (ВИДЕО)

За таа пригода, таа избра впечатлив бел фустан составен од проѕирни мрежести ленти.

Хатавеј прошета по црвениот тепих во креација од модната куќа Lever Couture. Фустанот без ракави, направен од сјајни мрежести ленти, имаше високи влошки на рамената и страничен шлиц.

Стајлингот го комплетираше со сребрени чевли Christian Louboutin и дијамантски и смарагдни обетки и прстени. Долгогодишната стилистка Ерин Волш се погрижи за нејзиниот изглед, пишува InStyle.

За филмот „Мајка Мери“

„Мајка Мери“, во режија на Дејвид Лоури, е опишан како „психосексуална поп-опера“ која комбинира елементи на драма, мјузикл и психолошки трилер. Приказната следи позната пејачка која, во пресрет на голема турнеја, повторно се поврзува со својата пријателка и поранешна стилистка, која ја игра Михаела Коел.

Форшпан започнува интроспективно, со нарацијата на ликот на Михаела Коел, но постепено се префрла во потемен и вознемирувачки тон, алудирајќи на елементи на хорор и психолошка тензија. Посебно внимание е посветено на музиката, а Хатавеј ја изведува оригиналната песна „My Mouth Is Lonely for You“ во форспан. Таа ја напишала таа песна во соработка со музичарот Ф.К.А. Твигс и неколку продуценти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата