Ема Стоун избегнува да го гледа еден свој популарен филм: Едноставно полудував (ВИДЕО)

14.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ема Стоун избегнува да го гледа еден свој популарен филм: Едноставно полудував (ВИДЕО)

На двократната добитничка на Оскар, Ема Стоун, ѝ требаше време да се осмели, но има еден филм што таа сè уште го избегнува денес, а тоа е романтичната комедија од 2010 година „Лудо, глупаво, љубов“.

Преголем притисок за време на снимањето

Иако филмот, во режија на Глен Фикара и Џон Рекуа, беше една од нејзините неколку успешни соработки со Рајан Гослинг и беше добро прифатен, Стоун чувствуваше огромен притисок за време на снимањето да направи сè совршено. Таа глумеше заедно со искусни колеги како што се Стив Карел, Џулијан Мур, Кевин Бејкон и Мариса Томеи, но сè уште не беше сигурна дали прави добра работа.

„Бев навистина заљубена во сценариото, но вршев голем притисок врз себе. Имав 20 години и едноставно полудував за време на снимањето. Мислев дека целата работа може да пропадне“, објасни таа за „Варајати“. Сценариото го потпиша Ден Фогелман, автор на хитови како „Автомобили“ и „Многу заплеткана приказна“, па затоа немаше причина за грижа, но Стоун во тоа време немаше самодоверба каква што има денес.

Патот до славата

Стоун сакаше да стане актерка уште од рана возраст, а своето филмско деби го имаше во 2007 година во популарниот филм „Суперлош“. После тоа, го усоврши својот комичен талент во романтични комедии како што се „Сите мои бивши“, „Девојка со лоша репутација“ и „Врска без обврски“, што ѝ помогна да се пробие на сцената.

Филмот „Таа луда љубов“ беше еден од нејзините последни обиди во жанрот пред да се посвети на поголеми проекти, како што се серијата „Спајдермен“, историската драма „Тајните животи на слугинките“ и филмот „Човек-птица“, кој ѝ ја донесе првата номинација за Оскар.

Денес може да ги гледа своите филмови

Актерката објасни како сметала дека тоа е првиот проект каде што морала целосно да се потпре на себе. „Чувствував дека сè мора да биде совршено усогласено низ целиот филм, и тоа беше прв пат да се потпрам само на себе за да го испорачам тоа“, рече таа.

Кога колегата Тимоти Шаламет ја праша во разговор како се чувствува откако го гледала филмот, таа одговори: „Не го гледав“. Потоа го праша: „Можеш ли да ги гледаш твоите филмови?“, откривајќи дека „може сега“.

Можеби еден ден ќе го гледа „Таа луда љубов“ и ќе сфати дека нема причина да се грижи, дури и ако нејзината кариера оттогаш тргнала во насока на многу поимпресивни проекти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата