Џенифер Лоренс изгубила улога во филм на Тарантино- не била доволно убава (ВИДЕО)

15.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Лоренс изгубила улога во филм на Тарантино- не била доволно убава (ВИДЕО)

Дури и актерките од А-листата можат да се соочат со одбивање врз основа на критериуми кои немаат никаква врска со актерските способности. Токму такво искуство неодамна го опиша една од најпознатите актерки од нејзината генерација.

Џенифер Лоренс тврди дека ја изгубила улогата на Шерон Тејт во филмот на Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“ затоа што наводно не била „доволно убава“. Таа зборуваше за тоа на настанот 92NY, каде што рече дека постојано ѝ било кажувано: „Таа не е доволно убава за да ја игра Шерон Тејт“, објавува „Унилад“. Улогата на крајот ѝ припаднала на Марго Роби.

Тарантино јавно не потврди дека Лоренс била земена во предвид за улогата

Лоренс изјави дека таквата проценка, според „Дејли меил“, дошла од сестрата на Шерон, Дебра Тејт, која сметала дека Роби е подобар избор за нејзината сестра, поранешна мисица и модел.

„Прилично сум сигурна дека е вистина, или ја раскажав приказната толку многу пати што верувам во неа, но прилично сум сигурна дека се случило“, рече Лоренс, додавајќи ја можноста дека „интернетот отишол дотаму што ме нарекол грда“.

Откако Роби ја доби улогата, Дебра Тејт јавно ја поддржа, кажувајќи за Vanity Fair дека актерката „ја играла нејзината сестра совршено“ и дека таа изведба ја довела до солзи бидејќи „звучела исто како Шерон“. Тарантино јавно не потврди дека Лоренс била земена предвид за улогата, иако подоцна откри дека ја земал предвид за друга улога во филмот, што на крајот не се материјализирало.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата