Џенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер

21.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер

Медиумите шпекулираат дека Џенифер Лопез и Брет Голдстин ја пренеле својата филмска романса во реалниот живот.

Според медиумските извештаи, пејачката и актерот – кои заедно играат во филмот „Канцелариска романса“ (Office Romance) – се гледаат веќе некое време, иако во оваа фаза нивната врска не е сериозна.

Извор открил за „Page Six“ дека 57-годишната Лопез и 46-годишниот Голдстин започнале неврзана романса, иако претходно ги демантираа гласините дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Шпекулациите повторно се разгореа на 16 октомври, кога беа забележани заедно на забава кај еден менаџер во Лос Анџелес. Наводно, тие пристигнале на настанот со ист автомобил, но се потрудиле да влезат одделно за да не привлекуваат премногу внимание.

Според извори, Голдстајн пристигнал на забавата сам и си заминал сам, иако тој и Лопез сепак заедно го напуштиле настанот. „Едно нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата сакаат излегувања, забави и ресторани“, вели изворот, осврнувајќи се и на поранешниот сопруг на Лопез, Бен Афлек.

„За разлика од нејзиниот поранешен, Бен – кој секогаш имаше строг израз на лицето кога и да излезеа некаде“, додава изворот.

 Ова не е првпат Џенифер Лопез и ѕвездата од серијата „Тед Ласо“ да поттикнат шпекулации дека меѓу нив има нешто повеќе од обична професионална соработка.

Уште летото се појавија информации дека, иако се обидувале да одржат професионален однос за време на снимањето на „Office Romance“, хемијата меѓу нив била „неодолива“.

Двајцата беа видени заедно и во март 2025 година, кога присуствуваа на бродвејската претстава „Oh, Mary!“ – еден месец пред да започне снимањето на филм во кој заедно играа главни улоги.

Голдстин го напиша сценариото за филмот „Office Romance“ за Лопез, а пејачката подоцна зборуваше за нивната соработка во емисијата на Енди Коен, „Watch What Happens Live“.

„Тукушто завршив со снимање филм со Брет Голдстин и морам да кажам дека тој ми беше најдобриот партнер за бакнеж на екранот“, призна Лопез во октомври, со што дополнително ги поттикна шпекулациите за природата на нивната врска. Голдстин со години не крие дека ѝ се восхитува на Џенифер.

Веќе со години е познато дека Голдстин е голем обожавател на славната пејачка.

Уште во 2019 година, во својот подкаст „Films To Be Buried With“, тој зборуваше за нејзината улога во филмот „Hustlers“, не криејќи го своето воодушевување од нејзиниот изглед и харизма.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата