Џејми Ли Кертис ја повредила ногата на Оскарите, носи ортопедска чизма

22.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џејми Ли Кертис ја повредила ногата на Оскарите, носи ортопедска чизма

На престижната церемонија на доделување, 64-годишната во исто време ја доби статуетката за најдобра споредна женска улога во филмот Сите, а во тој момент скокна од радост. Ова е првиот Оскар за Џејми.

Судејќи по нејзината објава на социјалната мрежа, актерката се повредила откако скокнала во сандали на високи потпетици. Таа објави фотографија од ортопедска чизма и златната статуетка до неа. „Возбуда поради победата и агонија поради стапалото“, накратко напиша таа со објавата.

Во коментарите следбениците ѝ посакаа брзо закрепнување и порачаа дека „болката ќе исчезне, но Оскарот ќе остане“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата