Според Deadline, на неодамнешната проекција на оригиналниот филм во Лос Анџелес, Бриџис ѝ открил на публиката дека не е единствениот кој сонува за продолжение, бидејќи и неговата колешка Џулијан Мур изразила желба да се врати во комедијата.
"Се разбира. Џулијан и јас фантазиравме за тоа. Работевме заедно на друг филм, Седмиот син, каде таа глумеше вештерка и често велевме: "Па, сè е веќе наместено за продолжение", изјави Бриџис, потсетувајќи се на работата со Мур.
Во филмот, Бриџис го глумеше Џефри Лебовски, попознат како „Дајд“, опуштено и резервирано момче кое сака руски коктели и куглање, но влегува во серија апсурдни ситуации поради погрешен идентитет.
Иако филмот на почетокот имаше скромен комерцијален успех (заработи 46,7 милиони долари), со текот на времето прерасна во вистински феномен, освојувајќи ги срцата на публиката ширум светот со своите карактеристични ликови, уникатните дијалози и впечатливата музика.
Креаторите на филмот не се заинтересирани за продолжение
Сепак, колку и да е заинтересирана актерската екипа да се врати, Бриџис се сомнева дека креаторите на филмот, браќата Џоел и Итан Коен, ќе направат продолжение.
"Мислам дека браќата нема да го направат тоа. Мислам дека тоа не е нивен стил. Но морам да признаам - тие постојано не изненадуваат... Ако ми се јават и ми речат: "Еј, ајде да го направиме тоа повторно", би рекол: "Апсолутно, ајде да го направиме", изјавил актерот.
Покрај Бриџис и Џулијан Мур, во „Големиот Лебовски“ глумеа и Џон Гудман, Стив Бушеми, Џон Туртуро, Филип Сејмур Хофман, Тара Рид и многу други, а секој лик придонесе филмот да стане неизбришлив дел од филмската историја.
Иако Бриџис го освои Оскар за најдобар актер во 2010 година во „Лудо срце“, тој сепак го опишува Големиот Лебовски како едно од неговите омилени достигнувања.