Имено, Кајл Алесандро го заврши својот прв настап во Базел во неделата во неподносливи болки поради тешка инфекција на забите.
За успешно да ја заврши пробата, тој морал да зема силни лекови, а веднаш откако ја напуштил сцената, итно бил префрлен во стоматолошка ординација.
„Едвај можеше да ја отвори устата и зеде силни лекови против болки за да може да ја заврши пробата“, рече водачот на делегацијата Мадс Торклеп.
Како што понатаму изјави, стоматологот дијагностицирал акутна инфекција на непцата и веднаш го отстранил умникот на Алесандро, кој почнал да боли пред една недела.
- Не размислував многу за тоа и мислев дека веројатно ќе помине по неколку дена, но оттогаш болката стануваше сè посилна и посилна, сè до денес. Го започнавме денот со првата проба во арената и помина исклучително добро. По пробата, повторно почнав да чувствувам силни болки, па имавме итен преглед кај стоматолог, поради што ми го извадија умникот. Стоматологот рече дека треба да одмарам до среда, а потоа сè беше подобро“, рече Алесандро, додавајќи дека поради неговата здравствена состојба, сите негови проби и интервјуа за печатот за понеделник и вторник се откажани.
За потсетување, Кајл Алесандро ќе ја претставува Норвешка на Евровизија со песната „Lighter“ во првото полуфинале на 13 мај и ќе настапи како осми изведувач.