Даниел Кајмаковски киднапиран во Белград, му барале 20 000 евра

8.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Даниел Кајмаковски киднапиран во Белград, му барале 20 000 евра

Непознатите сторители по кои се трага го врзале и го возеле во неговиот автомобил и побарале 20.000 евра.

- Се сомнева дека се странски државјани, а не е исклучена можноста дека се мигранти. Тие го одвезле киднапираното лице во Рума, каде што, кога сообраќајните полицајци се обиделе да ги сопрат, удриле во тротоар, излегле од возилото и избегале - открил извор на Курир, рс.

Даниел станал познат со учество во разни натпревари, а еден од нив бил натпреварот „Твоето лице звучи познато“. Пејачот потоа направил хуманитарен чин, и ја предал својата награда од 25.000 евра на самохрана мајка со две деца.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата