Дали ова е истиот Орхан Корхан?

21.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дали ова е истиот Орхан Корхан?

Емре, освен актерска има и богата музичка и пејачка кариера зад себе.

Популарниот актер и пејач, пред да ја започне својата импресивна кариера, дипломирал на театарскиот оддел на „Државниот конзерваториум” на Универзитетот во Истанбул. Започнал со мали улоги во театарски претстави за да, низ годините, стигне до филмското платно и до главни улоги во познати, турски серии. Од друга страна, својата музичка кариера ја започнал како придружен вокал на етаблирани уметници на турската сцена.

Својот прв албум, насловен како „Ibreti Alem” го издава на 28 август 1998 година. Подоцна, во 2000 година, прави песна која станува голем хит, и долго време останува најгоре на ранг листата во Турција. Својот втор албум, „Sıcak”, го издава на 3 март 2003 година, додека неговата актерска и пејачка кариера забрзано оди во нагорна линија.

Се појавува на многу реклами, филмови и серии. Неговиот трет албум „Dudak Dudağa” излегува во 2004 година, а наредната година го вади и својот четврти албум „Sensiz Olmuyor”, на кој, песната по која и самиот албум го добива името, станува тема на играна серија, која го добива истото име како и неговата песна и албум а  Емре го добива главниот лик.

Низ годините, Емре својата работа ја проширува надвор од границите на Турција, соработува со многу познати продуценти како од Европа така и од САД.

Зад ликот на нашиот омилен, Орхан Корхан се крие ултра талентиран човек со импресивна кариера зад себе.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата