Брус Вилис им се заблагодари на итните служби за нивната борба со пожарите во Л.А. (ВИДЕО)

16.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брус Вилис им се заблагодари на итните служби за нивната борба со пожарите во Л.А. (ВИДЕО)

Актерот, кој се бори со деменција, е виден како се ракува и разговара со полицајците во видеото што го сподели на Инстаграм неговата сопруга Ема Хеминг.

„Брус никогаш не пропушти прилика да им се заблагодари на итните служби со топло ракување и зборовите: „Ви благодариме за службата“, напиша Хеминг.

Во видеото, поставено на звукот на песната на Лед Цепелин, Going to California, Вилис носеше светло сако и темни панталони, кои ги комбинира со бејзбол капа од Њујорк Јенкис. Талула Вилис, неговата најмлада ќерка од бракот со првата сопруга Деми Мур, коментираше под објавата: „Ова многу ми го исполнува срцето“.

Брус и Ема почнаа да се забавуваат во 2007 година, седум години откако се разведе од Деми Мур. Заедно имаат две ќерки, Мејбел и Евелин. Вилис има и три ќерки од бракот со Деми Мур - Румер, Скаут и Талула. Нивниот брак траеше од 1987 до 2000 година, а по разводот останаа во одлични односи. Деми денес му е голема поддршка во борбата против болеста.

Тоа е редок вид на деменција што предизвикува проблеми со однесувањето и говорот. Понекогаш се нарекува Пикова болест или деменција на фронталниот лобус. Првите видливи симптоми се промени во личноста и однесувањето и тешкотии со говорот. Овој тип на деменција се однесува на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот, кои се оштетени поради болеста. Не е познато што го предизвикува, но често има генетска компонента.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата