Со режисерот Бергер на филмот работи Бред Пит, за кого странските медиуми објавија дека ќе го игра главниот лик Фред Скали.
Филмот ќе биде финансиран и дистрибуиран од А24, а снимањето се очекува да започне на почетокот на 2026 година на неколку локации низ Европа. Како што објави „Варајети“, сценариото базирано на книгата го пишува Дејвид Кајганич.
Бред Пит е единствениот актер моментално поврзан со проектот.
Заплетот на романот го следи Фред, човек кој се сели во Ирска со сопругата и ќерката за да купи стара куќа на село. Неговата сопруга Џенифер и ќерката Били накратко се враќаат во Австралија, но само Били се враќа во Ирска, без никакво објаснување. Потоа, животот на Скали се распаѓа додека тој очајно бара одговори за ненадејното и неочекувано исчезнување на неговата сопруга.
Бред Пит е моментално единствениот познат член на екипата. Другите актери сè уште се избираат, пишува „Колидер“. Во овој момент не е познато дали е одреден датумот на премиерата на филмот во кината.