Набрзо, двајцата станаа најомразени личности меѓу познатите личности, а Бјанка беше речиси гола дури и на лежерните прошетки низ градот.
Поради нејзините модни изданија, интервенираше и полицијата, а обезбедувањето ги избрка од Греми наградите кога Бјанка се појави гола, што беше и најголемиот скандал во историјата на овој настан.

Се чини дека голотијата сега е зад неа, а долго време се пишуваше за тоа како Канје е тој што ја прави да изгледа така.
Во интервју за Vanity Fair, Бјанка ги негираше сите обвинувања.

„Јас живеам со својата уметност. Не би правела ништо што не сакам. Тоа беше истражување на експонираноста, сексуалноста и контролата врз сопственото тело“, вели таа, но малкумина ѝ веруваат.

Инаку, Бјанка пораснала во многу строго, грчко семејство, а дипломирала архитектура во Мелбурн. Нивната љубовна приказна започнала кога Канје ја забележал на социјалните мрежи и ѝ понудил работа во Лос Анџелес.

