Афлек сака да ја намали цената на нивната вила вредна 68 милиони долари, која се наоѓа на пазарот, но изгледа дека на Џеј Ло тоа не и одговара.
Вилата е ставена на продажба пред девет месеци, но добро упатени извори тврдат дека се уште никој не покажал интерес за неа.
Агентите за недвижности наводно ѝ кажале на поранешната двојка дека треба да ја намалат цената за најмалку 15 отсто, со што Бен изгледа се согласува, но Лопез наводно се уште се држи до првичната цена.
Лопез и Афлек претходно тајно се обидоа да го продадат својот поранешен заеднички дом, но откако не успеаја, официјално го ставија на продажба.
„ТМЗ“ пренесува дека на крајот на септември минатата година добиле и прифатиле понуда од 64 милиони долари за вилата, но купувачите подоцна се откажале
Инаку, актерот и пејачката ја купија својата вила во јуни 2023 година за 60,8 милиони долари, а според извештаите ја преплатиле. Куќата содржи 12 спални соби и дури 24 бањи и се простира на нешто повеќе од 4200 квадратни метри.
Претходно, извори блиски до поранешната двојка изјавија дека ниту еден од нив не бил пресреќен во замокот.
"Бен никогаш не ја сакал куќата. Таа е предалеку од неговите деца", истакнал изворот во јуни минатата година. Лопез наводно чувствувала дека имотот е „преголем за неа“.
По објавувањето на разводот, пејачката се преселила во куќа вредна 18 милиони долари во близина на Лос Анџелес, додека Афлек веќе купил имот од 20 милиони долари во Пацифик Палисадес, пренесува „CDM“.