Во кариерата што трае шест десетлетија, Стрејсенд (83) глумеше во низа признати филмови, вклучувајќи ги тука „Забавна девојка“ (Funny Girl, 1969), „Тоа што бевме“ (The Way We Were, 1973) и „Јентл“ (Yentl, 1983), коишто таа, исто така, ги режираше и продуцираше. Таа има освоено два „Оскари“, за најдобра женска улога во „Забавна девојка“ и за најдобра песна во „Ѕвездата е родена“ (A Star is Born, 1976), како и 10 музички „Греми“ награди, меѓу другите признанија.
„Барбара Стрејсенд го достигна врвот на индустријата за забава како никој друг. Но, тоа не е ништо во споредба со нејзиното влијание врз поп-културата во втората половина на 20. век“, се вели во соопштението на организаторот.
Наградуваниот корејски режисер Парк Чан-вук ќе претседава со жирито на овогодишниот Филмски фестивал во Кан, којшто ќе се одржи на 23 мај.

