Според „Ворлд оф рил“ (World of Reel), Бејл се откажал од проектот..
„Распоред“ е преработка на францускиот филм „L'Emploi du temps“ на Лоран Канте од 2001 година (погледни го трејлерот). Нетфликс ќе ја продуцира американско-канадската преработка, а снимањето се очекува да почне на 1 април во Ванкувер, Канада. Заплетот го следи Винсент, кој е отпуштен од работа, но ја крие лошата вест од сопругата и синот, создавајќи мрежа од лаги за да го прикрие сето тоа. На крајот, неговите лаги почнуваат да го загрозуваат неговиот и животот на неговото семејство. Во изворниот филм глумат Орелиен Реквинг, Жан-Пјер Манго и Карин Вијар.
Адам Сендлер, инаку, претходно оваа година изјави дека планира да сними „уште 50 филмови пред да почине“. Глумецот зад себе има веќе 70 филмови во својата кариера.

