Словенечкиот сервис за Samsung мобилни телефони ги објави цените за поправка на претстојните модели на Samsung од серијата <b>Galaxy S24</b>. Замената на екранот на S24 Ultra ќе чини 375 евра, додека обичниот Galaxy S24 ќе чини 259 евра.
Ако го скршите екранот на S24 Ultra, нов ќе ве чини дури 375 евра
Samsung за помалку од две недели ќе ја претстави новата серија мобилни телефони Galaxy S24, а иако цените на самите уреди ќе останат исти, се чини дека истото ќе биде и со поправките.
Според информациите кои ги објави словенечкиот сервис за мобилни телефони, Мобистекла, најскапо ќе биде поправка на екранот на знаменосецот од целата серија, S24 Ultra, но тоа не важи за замена на батерии.
<b>Цените на екранот</b>
Имено, доколку се скрши екранот на вашата нова Ultra, поправката на стаклото ќе чини 199 евра, додека замената на целиот екран ќе чини 375 евра. Од друга страна, поправката на стаклото на Galaxy S24 ќе чини нешто помалку, 165 евра, додека замена на екранот ќе чини 259 евра.
Нешто поскап од обичниот модел е Galaxy S24+ чија поправка на стакло ќе чини 175 евра, а замена на целиот екран ќе чини 255 евра.