Зохран Мамдани стапува на должност како прв муслимански градоначалник на Њујорк

31.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зохран Мамдани стапува на должност како прв муслимански градоначалник на Њујорк

На приватна церемонија одржана во метро-станицата „Old City Hall“, Мамдани положи заклетва пред државната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс. Изборот на локацијата во подземната железница, како што соопштија од неговиот кабинет, ја одразува неговата „посветеност кон работниот народ кој секојдневно го движи градот“.

Главната церемонија за јавноста е закажана за денеска напладне пред Градската куќа, а ќе ја предводи сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Како деклариран социјалист, 34-годишниот Мамдани во кампањата вети решавање на високите трошоци за живот во 8,5-милионската метропола. Меѓу неговите клучни ветувања се замрзнување на кириите за над еден милион станови, изградба на 200.000 прифатливи станбени единици, универзална грижа за деца, јавни супермаркети и бесплатен автобуски превоз.

Иако неговата политичка кариера е релативно кратка, Мамдани веќе оствари соработка со деловните лидери и воспостави коректен однос со претседателот Доналд Трамп, и покрај политичките разлики. Како застапник за правата на Палестинците, тој исто така ќе треба да работи на градење доверба со еврејската заедница во градот.

Мамдани во јавноста е познат и како модерна урбана фигура – поранешен рапер и љубител на театарска импровизација, додека неговата сопруга Рама Дуваџи, уметница со сириско потекло, веќе привлекува големо внимание на социјалните мрежи. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата