Жан-Клод Јункер до лидерите на ЕУ: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници

27.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жан-Клод Јункер до лидерите на ЕУ: Ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници

 Поранешниот претседател на Европската комисија (ЕК) и долгогодишен соработник на германскиот канцелар Хелмут Кол, политичарот од Луксембург Жан-Клод Јункер (71) ги предупреди лидерите на Европската унија дека ќе бидат губитници ако му се додворуваат на американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Можете да направите сè, но ако јадете од раката на Трамп, ќе бидете губитници. Наместо тоа, мора да му пристапите со крената глава и под еднакви услови“, предупреди Јункер (71), објавува германскиот весник „Билд“.

Тој потсети дека откажувањето на Трамп од дополнителните царини за осум европски земји кои се спротивставија на неговата намера да го преземе Гренланд по секоја цена покажа дека е подготвен да соработува со своите европски колеги ако тие дејствуваат самоуверено и хармонично.

„Европската Унија се ослабува секогаш кога дејствува неодлучно и е поделена од националните политики. Потоа Европа ја намалува сопствената важност, а Трамп, се разбира, ја користи оваа слабост“, рече Јункер.

Како што потсетува „Билд“, во текот на летото 2018 година, самиот Јункер преговараше за трговски договор со Трамп во Белата куќа во услови на високи тензии, избегнувајќи закани за американски царини. Иако преговорите беа многу тешки, на крајот дури имаше и бакнеж во образ, пишува „Билд“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата