Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

24.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно.

И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со интензитет од 7,1 степен го потресе јужниот дел на Тихиот Океан.

Епицентарот на тогашниот потрес беше на длабочина од десет километри, 76 километри југоисточно од Пангаи, главниот град на островот Лифука што е дел од архипелагот на Кралството Тонга. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата