Зеленски: Се надевам дека ќе има резултати од разговорите во Женева

23.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски: Се надевам дека ќе има резултати од разговорите во Женева

„Крвопролевањето мора да се запре и мора да се осигураме дека војната никогаш повеќе нема да се разгори. Со нетрпение ги очекувам резултатите од денешните разговори и се надевам дека сите учесници ќе бидат конструктивни. На сите ни е потребен позитивен исход“, рече Зеленски во објава на платформата X, пренесува Ројтерс.

Шефот на украинската делегација на разговорите во Женева, Андриј Јермак, кој е и началник на кабинетот на Зеленски, потврди дека украинската делегација ја започнала својата работа во Женева, каде што денес се дискутира предложениот мировен план на Вашингтон за Украина.

„Општо земено, за денес се планирани низа состаноци во различни формати. Продолжуваме да работиме заедно за да постигнеме одржлив и праведен мир за Украина. Следната средба ќе биде со делегацијата на Соединетите Држави. Ние сме многу конструктивни“, рече Јермак во објава на платформата X. Советниците за национална безбедност од земјите од Е3 - Франција, Германија и Обединетото Кралство - денес се среќаваат во Женева со претставници од Европската Унија, САД и Украина за да разговараат за предлогот на САД за мировен план за Украина.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата