Тој побара од САД и компанијата на Илон Маск да ги укинат ограничувањата, нагласувајќи дека од тоа зависи заштитата на животите и енергетската инфраструктура пред зимата. Проблемот со брзината на системот, кој го развива „Спејс Икс“, трае веќе неколку недели.
Украина го користи „Старлинк“ за комуникација на бојното поле, додека „Старшилд“ е наменет за воени потреби, вклучително и заштита од ракети и беспилотни летала.Ограничувањата првпат беа забележани во октомври, по што следуваа спротивставени изјави од Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп. Маск тврдеше дека одговорноста е на американската влада, бидејќи таа управува со системот, додека Трамп негираше дека Вашингтон е одговорен.
Зеленски побара украинските власти да соработуваат што поблиску со американската администрација и компанијата на Маск за надминување на проблемот.
