Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

25.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски ја објави пораката што ја добил од Трамп!

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ја објави честитката која ја добил од претседателот на САД, Доналд Трамп по повод Денот на независноста на Украина, истакнувајќи дека „овие зборови, исто како и звукот од лансирањето на ракетата „Патриот ПАК-3“ (Patriot PAC-3), влеваат надеж дека е можно да се заштитат животи од суровите напади на Русија“.

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека добил „топла и срдечна честитка“ од американскиот претседател Доналд Трамп по повод 35-годишнината од обновувањето на независноста на Украина.

- Почитуван господине претседателе: Во име на американскиот народ, Ви честитам Вам и на граѓаните на Украина за Денот на независноста. 24 август е денот кога го славиме нашето трајно пријателство изградено врз 35 години дипломатски односи – врска што дополнително се продлабочи откако Украина се здоби со независност.

Изградивте одлична земја со храбри, смели и талентирани луѓе. И додека го одбележувате овој значаен настан, знајте дека Соединетите Држави му се восхитуваат на вашиот непоколеблив дух, ги почитуваат вашите жртви и остануваат уверени во вашата иднина како суверена и просперитетна нација. Да го искористиме овој момент за да ставиме крај на конфликтот и да изградиме траен мир, кој ќе го ослободи огромниот потенцијал на Украина за идните генерации. Со почит, Доналд Џ. Трамп – ова стои во честитката од шефот на Белата куќа, која Зеленски ја објави на социјалната мрежа „Икс“ (X).

Зеленски исто така даде коментар за честитката, во кој му порача на Трамп дека таа му е подеднакво важна како и ракетите за американските системи за противвоздушна одбрана (ПВО) „Патриот“ – едни од ретките во светот способни да соборуваат руски балистички ракети.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата