Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски ја намалува возраста за мобилизација од 27 на 25 години

2 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој предлог-закон, кој беше изгласан пред една година во украинската Рада и се чекаше на потпис на претседателот, ќе стапи во сила утре, се наведува на веб-страницата на парламентот.

Украинската влада потоа мора да ги усогласи различните регулаторни текстови со новата возраст за мобилизација во рок од шест месеци.

Украинската армија претрпе загуби, чиј обем се чува во тајност, а денес, за разлика од почетокот на конфликтот, се бори да најде доброволци за фронтот.

Во декември 2023 година, Зеленски рече дека армијата му понудила мобилизација на до 500.000 дополнителни луѓе, а новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирскиј, оттогаш го намалил тој број.

Сегашниот систем на регрутирање многу Украинци го сметаат за нефер, неефикасен и често корумпиран, а има и барања за демобилизација на оние кои долго време се на фронтот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ